Uncategorized

И Македонци жртви на измамникот што ветува работа во Чешка и Словачка

Извесен Влатко Ѓ. е Македонецот, кој освен групата од 70 српски работници кои ги измамил оставајќи ги без пари и работа која им ја ветил во Чешка, измамил и други граѓани на Србија, но и на Македонија на кои им ветувал работа во Европа дознава 24 Инфо. Засега нема податоци дали некој го пријавил измамникот во полицијата.

Како што вчера пишуваше24 Инфо, измамникот користи повеќе идентитети со кои ги доведува во заблуда жртвите, а користи СИМ картички од мобилни оператори од Србија.

Во последниот случај, изманикот кој се претставил како Александар Симиќ, организирал група од 70 граѓани на Србија на кои им ветил работа во Чешка, а од кои зел по 50 евра за автобуски превоз и по дополнителни 200 динари за дополнителни трошоци. При влез во автобусот во Белград, сите патници морле да потпишат согласност за добивање на работа „манипулативен оператор во фабриката Continental Automotive s.r.o Чешка”, но автобусот заминал без него.

“Изјавувам дека сум запознаен и согласен со наведените услови за ангажирање и работа во фабриката. Услови се следните: сатница 108 czk (4,2 евра), топол оброк 82 czk (3,2 евра) за работа во сабота плус 50 отсто по час, бесплатно сместување, аконтација 50 евра на секои десет дена. При тоа изјавувам дека самиот го плаќам патот од Белград до Чешка со 50 евра “, пишувало во согласноста.

Кога стигнале во градот Френштат сфатиле дека се измамени откако Владимир им ги блокирал повиците на сите кои му вртеле и повеќе не се јавил, а тие морале да преноќат во автобусот и да се вратат дом. Додека биле во Чешка дознале дека Александар всушност е Владимир, кој измамил и други Срби на кои им ветувал работа во Чешка.

По објавување на текстот многу македонски граѓани коментираа дека веќе имале работа со измамникот кого измамените Срби го снимиле во автобусот, но дека се претставувал како Александар, Дејан, Горан и.т.н.

Меѓу измамените е и скопјанка која под посредништво на Владимир заминала на работа во Словачка, но била измамена на идентичен начин, па патувањето од 27 часа до Словачка била вистинска голгота.

Според неа, измамникот се претставувал како Горан или Владимир од Аеродром, но наводно живеел во Драчево, а користел и македонски броеви. Посредувал и за работа во Германија.

Тој имаал и профил на Фејсбук каде под името Владимир Ѓорѓиевски (Работа во Словачка) но истиот веќе не постои.

Нови вести

Шахпаска: Заврши блокадата на Иванов, повторно ги усвоивме законите што се во интерес на граѓаните

Daniela

Голден стејт пресилен за Портланд во првиот дуел од конференциското финале

Igor

СДСМ: Се исправа уште една неправда,2899 вработени во културата добиваат повисоки плати

Igor