March 25, 2019 21:52
Свет

И Курц ја поддржа „европската ренесанса“ на Макрон

Австрискиот канцелар Себастијан Курц ги поддржа предлозите на францускиот претседател Емануел Макрон во неговото залагање за „европска ренесанса“.

Идејата за „европска ренесанса“ се однесува на области за заштита на границите и зајакнување на конкурентноста. Курц истакна дека е за европска супсидијарност.

„Потребно ни е вкупно гледано помалку правила, но кои би се придржувале“ нагласи Курц, додавајќи дека заедничкото делување е потребно по прашање на заштита на границата на ЕУ и јакнење на конкурентноста, но дека нема потреба за заедничка социјална политика.

Тој исто така го поддржува предлогот на Макрон за ново партнерство со Африка, поголем фокус на иновации, повластен третман на претпријатијата од ЕУ и амбициозна борба против климатските промени.

Курц се залага за фер оданочување на интернет гигантите во Европа, како и за борба против омразата, особено антисемитизмот и тоа и на интернет.

Другите предлози, како што е единствена минимална плата во ЕУ, социјална унија или обединување на долгови, тој ги одбива.

„Како неутрална земја, која не е членка на НАТО, критички гледаме и на плановите за повлекување трошоци за одбрана на два отсто од БДП, но и обврската за пружање воена помош“ рекол Курц.

Австрискиот канцелар отвори дебата за иднината на ЕУ, која ја иницираше Макрон.

Нови вести

Најмалку 10 ракети истрелани од Газа кон Израел

Filip

Венцуела повторно во мрак

Filip

Авион по грешка слетал во друга држава

Filip