September 20, 2021 22:34
Македонија

И Катица Јанева спроведена во „Идризово“

Поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева денеска е однесена во затворот „Идризово“ каде  треба да ја отслужи затворската казна од седум години за „Рекет“.

Таа досега беше во куќен притвор во Гевгелија, но откако Апелација и ја одби жалбата и ја потврди првостепената пресуда, гевгелискот суд издал упатен акт таа да биде спроведена во „Идризово“ каде од вчера е и Бојан Јовановски- Боки 13.

Двајцата се осудени во случајот „Рекет“, за изнуда на над еден милион евра од бизнисменот Орце Камчев, а Боки е осуден на деветгодишна затворска казна. Според судот, Боки го искористил познанството со Јанева да влијае врз истрагата против Јордан Камчев, да добие повластен статус во истрагата и да биде ослободен од притвор, а во што влијание имал и Зоран Милески Кичеец. За тоа Боки добил над 1,5 милиони евра од Камчеви, а Јанева од Јовановски добила мебел и 50.000 евра. Кичеец по брза постапка беше осуден на три години затвор, откако на почетокoт на судењето за „Рекет“ призна дека е виновен, па тој беше издвоен од постапката во која судењето продолжи за Јовановски и Јанева.

Адвокатите на Јанева најавија жалба до Врховниот суд, но истата не го одложува одењето во затвор. Сега и Боки 13 и Јанева имаат право да побараат прекинување на издржување на затворската казна, а дали ќе биде прифатена ќе одлучи Кривичниот суд.

Меѓутоа, одбраната на Јанева реагира бидејќи таа е спроведена со наредба, а не со упатен акт кој смета дека во нејзиниот случај е неопходен.

-Куќниот притвор на Јанева е со важност до правосилност на пресудата. Одлуката на Апелација е донесена на 5 јули што значи тогаш пресудата станала правосилна и после тој датум таа е слободна. Затоа ние сметаме дека е неопходно таа да добие упатен акт, а не да биде спроведена со наредба“, вели нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска за „360 степени“.

Фрчковска вчера најави дека во меѓувреме ќе поднесат и вонреден правен лек до Врховниот суд, но ако не успеат тука ќе се жалат и во Стразбур пред меѓународниот суд за човекови права.

-Целиот случај е надвор од цела здраво разумска логика и правна логика. Ние на сите тие правни недостатоци и повреди во постапката укажавме во нашите жалби. Како бранители став на одбраната беше дека тие жалби требаше да бидат усвоени и предемтот требаше да се врати пред првостепениот, Кривичен суд за да се исправат тие недостатоци. Здравствената состојба нејзина, значи не е добра во секој случај, но понатаму останува да видиме како ќе постапуваме, дали ќе бараме одлагање на издржувањето на казната ќе одлучиме откако ќе го добиеме образложението зошто е одбиена жалбата, изјави Фрчковска.

Јанева беше во куќен притвор од 19 ноември 2019 година, а претходно 3 месеци беше во затвор. Целиот овој период ќе и биде пресметан во затворската казна од седум години. Боки 13 во домашен притвор е од 30 октомври лани, а претходно 15 месеци беше во истражниот затвор Шутка. И нему ќе му се пресмета овој период во казната затвор од девет години. Против него се води и случајот „Меѓународен сојуз“ за измами преку неговата хуманитана организација.

Засега нема реакција од адвокатот на Јовановски, Сашо Дуковски.

Поврзани вести

Починаа 12 лица, нови 154 нови случаи на КОВИД-19

Igor

Стевчо Јакимовски ќе настапи самостојно во Карпош, во другите општини ГРОМ ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ

Igor

(Видео) Најмалку осум убиени и десет повредени во нападот на рускиот универзитет, напаѓачот бил студент

zane

Website https://animekisa.in: Watch Miss Monochrome The Animation 2 animekisa Episode 13 dubbed anime

Website https://twistmoe.net: Watch Beyond the Boundary: Daybreak (Dub) twistmoe Episode Full stream anime online

KissAnime: A Certain Scientific Accelerator (Dub) anime episode 12 online free at https://kissanime.mx kissanimefree

GoGoAnime Watch anime online, English anime online HD

Beatstars: https://www.beatstars.com/gogoanimelol/about

Myspace: https://myspace.com/gogoanimelol