June 17, 2019 02:30
Македонија

И за стан под кирија барајте документ за енергетска ефикасност

Енергетски ефикасна фасада, прозори кои добро ја изолираат зградата, мала потрошувачка за греење и ладење за само 1.200 евра на квадратен метар. Ова се само дел од рекламите на инвеститорите кога продаваат или изнајмуваат станови или деловни простории. 24 инфо побара од Министерството за економија да ни објасни кои се придобивките и обврските кои произлегуваат од Новиот закон за енергетска ефикаснст. Според законот им се налага на сите инвеститори или сопственици на деловните простории или станови да имаат документ кој  докажува колку се енергетски ефикасни. Така во иднина ако купувате или изнајмувате стан, имате право да побарате од газдата да ви потврди колку енергетски ефикасен е истиот.

Реновирање на станбени, јавни и комерцијални згради до 2030 година, обврска за реконструирање на најмалку 1 отсто од вкупната површината на зградите на годишно ниво, кои ги користат и се  во сопственост на органите на централната власт се само дел од обврските кои произлегуваат од Законот за енергетска ефикасност. Државата може да избира какви мерки ќе примени за да докаже дека се постигнати заштеди кај крајните потрошувачи во висина од 0,7% на годишно ниво од финалната потршувачка на енергија споредено со периодот од 2013 до 2015.

Новина е обврската да се направи анализа на трошоци и придобивки при барања за издавање на овластување за изградба на нови објекти за производство на електрична и/или топлинска енергија или реновирање. При проектирањето на нова зграда или значителна реконструкција на постојна градба, задолжително е спроведување на анализа на можната употреба на високоефикасни алтернативни системи за греење и ладење како нова обврска– велат во Мнистерството за економија.

Спред нив нова нивна обврска е да подготвуваат и да достават до Енергетска заедница План за зголемување на бројот на згради со приближно нулта потрошувачка на енергија во Македонија. Исто тка предвидена е обврска за енергетска ефикасност при пренос и дистрибуција. Истите се обврзани да спроведат проценка на потенцијалот за енергетска ефикасност на нивните системи за пренос или дистрибуција на електрична енергија, природен гас или топлинска енергија во земјава. Проценката мора да содржи мерки и инвестиции за постигнување на трошковно ефективни енергетски подобрувања и временска рамка за подобрување.

Регулаторната комисија за енергетика  ќе може во рамки на надлежностите за формирање на тарифите за пренос и дистрибуција на електрична енергија од Законот за енергетика, на оператороторите на системите за пренос и дистрибуција на електрична енергија да им одобри стимулативни мерки доколку применат мерки за подобрување на енергетската ефикасност кај броилата, со воведување на паметни мерачи (признавање на трошоци во тарифи), доколку истото е технички изводливо и финансики разумно во однос на потенцијалните заштеди на енергија– велат во ресорот.

Исто така големите претпријатија се должни да докажат дека остваруваат заштеди. Ова можат да го докажат на два главни начина и тоа: да воведат енергетски менаџмент во потрошувачката на соодветниот енергенс или на  на секои четири години  да спроведуваат енергетска контрола.

Освен за нови згради,  Сертификат за енергетски карактеристики на зграда ќе се издава и за постојни згради (или делови на згради)  кои се предмет на продажба или закуп ( важи за сите згради над 50м2) при што постојат исклучоци како на пример: ако не се верски или ако не се заштитени како културно наследство и др- велат во Министертсвото.

Бенефиции за граѓаните според новиот Закон за енергетска ефикасност е дека ќе можат да користат услуги за енергетски подобрувања во своите домови, со ангажирање на ЕСКО компании со кои ќе склучат договор, при што за истото нема да имаат потреба да се задолжуваат со кредити или да прават инвестиции. ЕСКО компаниите ќе гарантираат пред граѓаните дека со спроведените мерки за енергетска ефикасност, потрошувачката на енергенси ќе се намали, при што за времетраење на договорот потрошувачите ќе ги исплаќаат енергетските подобрувања преку сметките за енергенсите, кои вообичаено не треба да бидат повисоки од сметките кои ги плаќале претходно, заради што граѓаните треба да се одлучат на ваков чекор.

По влегување во сила на законот граѓаните кои купуваат нови станови или закупуваат станови ќе можат да направат споредба, каков стан купуваат/закупуваат во поглед на енергетската ефикасност на заградата, односно потрошувачката на енергенси- велат во Министерството за економија.

Валентина Ангеловска

Нови вести

Пороен дожд, грмежи и ветер вечерва во Скопје

Filip

(Видео) Николовски: Ќе ја следиме секојa мерка и секој проект на градоначалниците

Filip

ВМРО-ДПМНЕ ја прослави 29-годишнината од основањето на партијата

Filip