November 30, 2020 05:52
Македонија

И доколку Ковид не бил директна причина за смрт, лицето влегува во статистиката на починати од корона вирус

Министерот Венко Филипче во вечерашното гостување на телевизија Телма објасни дека една од причината зошто Македонија има висока стапка на смртност од корона вирусот е тоа што Македонија ги пријавува апсолутно сите пациенти кои починале, а биле позитивни на Ковид-19 се бројат во таа статистика.

-Од самиот почеток ги пријавуваме апсолутно сите случаи. Се случува да дојде пациент со друга тешка здравствена состојба, тогаш да му биде направен и ковид тест, тој да почине и потоа да стигне резултатот и да биде позитивен. Ние го пријавуваме и тој случај. И кога некоја друга болест била директна причина за смртта, доколку пациентот бил позитивен на Ковид-19, ние го пријавуваме како смртен случај, рече Филипче.