November 28, 2020 07:17
Балкан

И денеска црн рекорд во Хрватска-2.421 новозаболен од корона

Во Хрватска денеска се забележани рекордни 2.421 новозаболени од Ковид, или двеста повеќе отколку еден ден претходно. Починаа осум пациенти.

Со најновата бројка, активните случаи се зголемија на 11.144.

Од нив 825 пациенти се на болничко лекување, а на респиратор 58.

Од почетокот на епидемијата до денеска во Хрватска се регистрирани 36.380 заболени со корона вирус, од кои 437 починаа, а оздравеа 24.799, од кои 1.014 во последните 24 часа.

Во самоизолација се 28.177 лица.

До денеска тестирани се 445.568 лица, а од нив 8.520 во последното деноноќие.