August 13, 2022 17:20
Македонија

И Демократскиот сојуз ќе ја напушти Владата ако се прифати францускиот предлог

Уште еден од коалициски партнер во власта, најави дека ќе ја напушти владата ако се прифати францускиот предлог за преговарачката рамка за Северна Македонија.

Ваквата најава ја даде генералниот секретар на Демократскиот сојуз и заменик-министер за локална самоуправа, Зоран Димитровски, во вечерашното гостување во „Топ тема“ на Телма ТВ.

На прашањето дали ќе излезете од владата доколку тие не го го отфрлат предлогот, Димитровски одговори:

„Кратко речено да. Затоа реков го охрабрувам премиерот утре или кога ќе оди во Брисел да каже ’не‘ за овој предлог. Доколку каже да и доколу рамката помине и ја одржиме првата конференција со сликање, Демократскиот сојуз ќе ја напушти владата“.

И лидерот на ЛДП и министер за локална самоуправа, Горан Милевски, во „Топ тема“ најави дека доколку предлогот на францускиот предлог помине каков што е, тогаш и тие ќе излезат од владата.