Македонија

И германските експерти заклучиле дека кабелот е причина за пожарот во модуларната болница?

Можна причина за ширењето на пожарот во модуларната болница во Тетово е продолжениот кабел на кој бил приклучен медицински апарат за лекување на пациенти, заклучиле германските експерти за катастрофалниот пожар на 8 септември минатата година, во кој загинаа 14 луѓе, стои во извештајот кој денеска стигнал во тетовското Oбвинителство, пишува „Алсат“.

Според информации на Алсат од извори во Обвинителството, германските експерти дошле до заклучок сличен на тој до кој дојдоа и нашите истражители во истрагата која ја спроведоа во неделите по трагедијата.

Според Обвинителството, извештајот е доставен на анализа на петмина обвинители вклучени во истрагата за случајот, кои, откако ќе го анализираат, ќе утврдат дали од него ќе произлезе правно мислење за отворање нови истраги, или ќе продолжи со истите истраги што домашните обвинители ги водеа досега. Состанокот на обвинителите се очекува да се одржи во рок од една недела, по што ќе бидат донесени заклучоците.

Од тетовското Обвинителство не соопштуваат повеќе детали за содржината на преведениот извештај, со образложение дека тој е исклучително важен дел од истрагата за случајот и дека од него може да произлезат нови истраги.

Во пожарот кој избувна на 8 септември загинаа 14 лица, од кои 12 беа пациенти и двајца членови на семејство кои се грижеле за пациенти заразени со Ковид.

stream anime online. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

watch anime One Piece

4Anime Attack on Titan Final Season Part 2 Episode 1

Ranking of Kings Episode 9

4Anime Tokyo Revengers Episode 20

anime sites Horimiya (Dub)