December 1, 2020 09:04
Балкан

И во Грција рекордни 935 новозаразени со коронавирус

Грчките власти синоќа соопштија дека во земјата има рекордни 935 нови случаи на заразени со новиот коронавирус за 24 часа.

Со тоа, вкупниот број е 29.992 заразени.

Од почетокот на пандемијата регистрирани се 564 смртни случаи. Во моментов 91 лице е на интензивна нега.

Вчера повеќето балкански земји регистрираа рекорни бројки на заразени.