Свет

И Велика Британија размислува за санкционирање на политичари од БиХ

Велика Британија е исто така загрижена поради постојаното зголемување на напнатоста во Босна и Херцеговина. Подготвена е да се приклучи на политиката за санкционирање политичари кои се одговорни за тоа, изјави денеска британскиот амбасадор во Босна и Херцеговина, Метју Филд.

Во интервју за сараевскиот „Дневни аваз”, Филд соопшти дека Владата во Лондон сега разгледува можности за преземање конкретни мерки во однос на БиХ, вклучувајќи наметнување санкции. Таквите мерки, како што појасни, треба да бидат резултат на усогласен пристап со другите партнери од меѓународната заедница.

– Санкциите не се магично стапче, не можат да ги решат сите предизвици со кои оваа земја се соочува, но можат да бидат корисен начин на спротивставување на оние кои веруваат дека можат да делуваат неказнето, изјави Филд.

Тој истакна дека главна закана по стабилноста на БиХ, доаѓа од Република Српска, чија власт оди кон „водење опасен пат на поделба”. Таква политика, тврди британскиот амбасадор, може да доведе само до сè поголема изолација на РС, а последиците ќе ги почувствуваат граѓаните.

– Не можеме и нема да дозволиме злонамерните актери да ја поделат оваа земја, ниту да го уназадат напредокот постигнат во последните 26 години, соопшти Филд.

Претходно овој месец, САД наметнаа санкции за српскиот член на Претседателството БиХ, Милорад Додик и неговиот правен советник Милан Тегелтија, означувајќи ги за одговорни за обид за уривање на уставниот поредок на БиХ, но и за вмешаност во корупција.

Некои од највлијателните членки на Европската унија, како Германија, се силни поборници за воведување санкции за политичарите од БиХ, кои го доведуваат во прашање опстанокот на таа држава. Сепак, сè уште нема одлука на ниво на Унијата дали ќе се воведат такви санкции.

Властите на РС, предводени од Додик, нагласија дека и покрај санкциите, нема да се откажат од плановите за донесување закони, со кои би се префрлиле овластувањата од државата на ентитетот во областа на одбраната, правдата и наплатата на даноците и царините. Предлозите на такви закони може да бидат испратени на разгледување и усвојување во Парламентот на РС веќе во февруари.

AnimeFreak - Watch Anime Online for Free. Subbed & Dubbed. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation Cour 2 Episode 10

watch anime AnimeFreak Naruto (Dub)

english dubbed anime The Daily Life of the Immortal King [Chinese Dub]

AnimeFreak BANANA FISH Episode 22

sites to watch anime The Daily Life of the Immortal King [Chinese Dub]