August 13, 2022 16:40
Спорт

И Беретини се повлече од Вимблдон поради коронавирус

Италијанскиот тенисер Матео Беретини поради добиен позитивен тест на коронавирус се повлече од грен слемот Вимблдон пред натпреварот од првото коло против Кристијан Гарин.

– Со скршено срце објавувам дека нема да можам да се натпреварувам на Вимблдон поради позитивен тест за ковид. Имав симптоми слични на грип и во изминатите неколку дена бев во самоизолација. Иако симптомите не беа сериозни, наутро направив уште еден тест за да не ги загрозам моите колеги и другите луѓе вклучени во турнирот. Немам зборови да го опишам разочарувањето што го чувствувам. Мојот сон за оваа година е уништен, но ќе се вратам посилен, напиша Беретини.

Италијанецот ги освои турнирите во Штутгарт и Лондон пред стартот на Вимблдон 2022.

Претходно, поради Ковид од грен слемот во Лонодн се повлече и хрватскиот тенисер Марин Чилиќ.