January 27, 2021 17:26
Спорт

ИХФ потврди: Македонската ракометна репрезентација ќе игра на Мундијалот во Египет

Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) вечерва потврди дека македонската репрезентација ќе настапи на Мундијалот што утре започнува во Египет, откако претходно денеска Чешка го откажа настапот поради коронавирус во своите редови.

– Како последица на неколку позитивни резултати по задолжителното тестирање за Ковид-19 пред заминувањето за Египет, репрезентацијата на Чешка официјално го откажа својот настап на 27-то Светско првенство, што од 13 до 31 јануари ќе се одржи во Египет. Во согласност со Ковид-19 протоколот и пропозициите, првата резерва – Северна Македонија – доби покана за настап, соопшти ИХФ.

Членовите на македонската ракометна експедиција, во меѓувреме, беа тестирани на коронавирус во Скопје и сите резултати се негативни.

Избраниците на селекторот Данило Брестовац ќе играат во Г-групата заедно со домаќинот Египет, Чиле и репрезентацијата на Шведска, против која в четврток го играат првиот натпревар на Мундијалот.

Чешките медиуми попладнево ја пренесоа изјавата на селекторот на ракометната репрезантација на Чешка, Јан Филип дека настапот на тимот на Светското првенство официјално е откажан.

– Денеска заклучивме дека повеќе не гледаме светлина на крајот од тунелот, изјави Филип, цитиран од весникот „Иднес”.

Watch Fog Hill of Five Elements Episode 3 at Crunchyroll crunchyroll premium trial

Watch My Hero Academia 2 (Dub) Episode 11 (https://gogoanime.be/m/W9EA/ep-11) at website https://gogoanime.be. See more gogoanime 9