January 29, 2023 12:33
Македонија

ИФИМЕС: Спасовски како најдобар министер за внатрешни работи на Балканот е цел на разузнавачката операција „Коњски скок“ за рушење на владата и враќање на Груевски од Будимпешта

Во својата најнова емисија Васко Ефтов разгова со Зијад Беќировиќ, еден од директорите на реномираниот институт за блискоисточни и балкански студии ИФИМЕС со седиште во Љубљана со специјален консултативен статус за Обединетите Нации, во кој членуваат поранешни и актуелни политичари од САД, Канада, Израел и Словенија.
„Излеговте со шокантната афера „Коњски скок“ и кажавте многу работи кои подоцна се реализираа. „Коњски скок“ беше афера за промена на власта пред локалните избори минатата година. Можете ли да објасните која е суштината на операцијата „Коњски скок“, побара водителот Ефтов од соговорникот.

„„Коњски скок“ не е само афера, туку за жал реалност со која Македонија се соочува и сеуште ќе се соочува само во модифициран облик затоа што се менуваат околностите во кои се спроведува оваа разузнавачка операција. За среќа, Македонија пронајде еден дел од одговорите и се спротивстави на таа операција која првично беше наменета против тогашниот премиер Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски а сега во видоизменет облик продолжува само кон Спасовски.

Операцијата која се координира од Будимпешта со вклучени руски пари и други ретроградни сили, има за цел да се створи амбиент да дојде до рушење на актуелната влада за на власт да дојде сегашната опозиција, ВМРО и да дојде до враќање на враќање на Никола Груевски во Македонија.
Постојано се подметнуваат афери со цел да се елиминира Спасовски од политичкиот живот за да се оствари еден бришан простор за таа операција „Коњски скок“ да успее“, потенцираше Беќировиќ.