June 24, 2021 19:27
Економија

Итно да се донесе пакетот закони од областа на управување со отпад, инсистира Асоцијацијата при Стопанската комора

Старите закони од областа на управување со отпад кои се уште се на сила, не кореспондираат со реалноста што ја имаме денес во земјава и се базираат на нереални цели за рециклирање, кои дури и поразвиени земји од нашата, кои започнале со селекција пред 20 години, не можат да ги исполнат.

Ова денеска на прес-конференција го изјави Филип Ивановски, претседател на Асоцијацијата за посебни текови на отпад при Стопанската комора на Северна Македонија, кој апелираше да се донесе пакетот закони, бидејќи со тоа, како што рече, се заокружува целиот систем на управување со отпад во земјава.

Како што појасни, станува збор за пет закони – Општ закон за управување со отпад; закон за управување со пакување и отпад од пакување; закон за управување со електронска и електрична опрема; закон за управување со отпадни батерии и акумулатори и законот за проширена одговорност на производителите, односно колективните постапувачи.

– Доколку останат старите закони, се врши оценка на колективните постапувачи по основ на нив. Ќе се доведеме во ситуација да бидат казнети над 1.500 компании кои во овие 10 години плаќаат за управување со отпадот, наспроти некаде повеќе од 6.000 компании кои пуштаат на пазарот 38 посто од вкупниот отпад по пакување, а не плаќаат никаде овие 10 години, вели Ивановски.

Старите закони доколку останат на сила, додаде, ќе ги казнат оние кои го почитуваат законот и се трудат да направат нешто видливо за животната средина, а ќе ги амнестира и ќе продолжи да ги амнестира компаниите кои не плаќаат.

– Со ова се доведува во прашање и конкурентноста на фирмите кои легално работат и кои имаат трошоци кои финансираат системи за собирање, наспроти оние кои не го почитуваат законот и немаат трошоци за собирање и управување со отпад, заклучи Ивановски.

AniWatch aniwatch: Watch Scum's Wish Episode 5 (https://aniwatch.pro/m/jMdn/ep-5)

KissAnime free anime: Re:ZERO -Starting Life in Another World- Episode 25