December 9, 2022 01:03
Свет

Итна средба Шолц- Макрон за Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц на 3 октомври во Берлин ќе се сретне со францускиот претседател, Емануел Макрон.

Ова денеска го соопштија од Елисејската палата.

Според информациите, двајцата официјални лица ќе разговараат за последните случувања во врска со војната во Украина, како и за европската енергетска криза, пренесува „Ројтерс“.