February 3, 2023 14:34
Свет

Итен состанок на лидерите на ЕУ по одлуката на Путин за мобилизација

Министрите за надворешни работи на Европската Унија подоцна вечерва ќе одржат итен состанок во Њујорк, соопштија дипломати.

Состанокот ќе се одржи откако рускиот претседател Владимир Путин нареди делумна мобилизација, објави „Ројтерс“.

Министрите за надворешни работи на ЕУ се во Њујорк на годишниот собир на светските лидери во Обединетите нации.

Путин претходно денеска изјави дека станува збор за делумна мобилизација, односно за регрутирање само на оние граѓани кои моментално се во резервен состав, а пред сè на оние кои служеле во вооружените сили и имаат одредена воена специјалност и соодветно искуство.

Тој нагласи дека ги брани руските територии и дека Западот сака да ја уништи Русија.