November 28, 2020 23:08
Свет

Италија, Шпанија и Полска поддржани со 17 милијарди евра од ЕУ

Европската комисија им исплати на Италија, Шпанија и Полска вкупно 17 милијарди евра во првата транша од поддршката за земјите членки на ЕУ, со цел да се зачуваат работните места.

Италија доби 10 милијарди евра, Шпанија шест милијарди, а Полска една милијарда евра.

Финансиските средства ќе помогнат за покривање на трошоците кои се директно поврзани со финансирањето на националните шеми за скратено работно време и други мерки кои се воведени како одговор на пандемијата на Ковид-19, особено за самовработените.

Останатите исплати ќе се вршат во текот на следните месеци, по издавањето на соодветните обврзници со кои ЕУ се задолжува на меѓународниот пазар на капитал.