August 25, 2019 09:27
Економија

Италија казни со 678 милиони евра девет производители на автомобили и 12 банки

Италијанската Управа за пазарна конкуренција казнила 12 банки и девет производители на автомобили со рекордни 678 милиони евра за учество во картел за финансирање на продажба на автомобили од 2013 до 2017 година.
Дајмлер, Фолксваген, Тојота, Рено, Џенерал Моторс, Форд и БМВ тајно се договарале со сопствените финансиски институции за критериумите и условите за финансирање и лизинг на нови автомобили, и во договорот  учествувале и финансиски здруженија Асиле и Асофин.

Информациите кои ги разменувале биле откриени по ненајавената истрага, а се однесуваат на договори за каматни стапки, цените на возила, продаденото количество и трошоците. Картелот го пријавил Дајмлер и како „свиркач“ беше ослободен од казна. Максимална казна доби банката поврзана со Фиат Крајслер во износ од 179 милиони евра, Фолксваген и неговата поврзана банка – 163 милиони евра, а Рено и неговата финансиска институција – 125 милиони евра. Aсилеа и Aсофин се казнети со 95.795, односно  11.694 евра.

Нови вести

Завршени 70 проценти од гасоводниот крак Неготино-Битола

zane

„Напредни лозари”:Лозарите да ги бојкотираат откупувачите кои нема да почитуваат производствена цена на грозјето 

zane

Димковски во Словенија: Воведувањето на нови технологии за земјоделците е клучно за модерно и конкурентно земјоделство

zane