January 24, 2021 13:42
Спорт

Италија и Белгија им се придружија на Франција и Шпанија во разигрувањето за титулата во Лига нации

Репрезентациите на Италија и Белгија по одигрувањето на последните натпреаври во групите од фудбалската Лига на нации им се приклучија на Шпанија и Франција за финалниот турнир од годинашното, второ издание во ова ново натпреаврување. На „Грбавица“ во Сараево, Италија ја победи со 2:0 Босна и Херцеговина со головите на Белоти и Берарди за да го осигураат првото место во групата 1 пред Холандија, која направи пресврт и со 2:1 славеше на гости кај Полска, но тоа не им беше доволно да ја симната Италија од лидерската позиција во групата.

Во групата 2, во директен дуел, Белгија предводена Ромелу Лукаку кој постигна два гола, со 4:2 ја победија Данска, за да го осигура првото место во групата. На Данците им требаше победа за ги поминат „ѓаволите“ на првата позиција.

Во понизок ранг од овие групи се селат БиХ и Исланд, додека нови членови на елитната група ќе бидат Австрија, Чешка, Велс и Унгарија.

Србија обезбеди опстанок во Лига Б со убедлива победа од 5:0 против Русија, што во исто време им овозможи на Унгарците кој минимално со 1:0 ја совладаа Турција да влезат во Лига А. Австријците одиграа 1:1 дома со Норвешка, Чесите со 2:0 го совладаа соседот Словачка за да го искористат киксот на Шкотска на гости кај Израел, додека Велс во директна пресметка со 3:1 ги победи Финците. Словенците, пак, успеаја да изддржат 0:0 на гостувањето кај Грците и да влезат во Лига Б.

УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ

ЛИГА А, ГРУПА 1

Босна и Херцеговина – Италија 0:2

Полска – Холандија 1:2

Табела: Италија 12 бода,Холандија 11, Полска 7, БиХ 2

ЛИГА А, ГРУПА 2

Белгија – Данска 4:2

Англија – Исланд 4:0

Табела: Белгија 15 бода, Данска 10, Англија 10, Исланд 0

ЛИГА Б, ГРУПА 1

Австрија – Норвешка 1:1

Северна Ирска – Романија 1:0

Табела: Австрија 13 бода,Норвешка 11, Романија 4, С.Ирска 4

ЛИГА Б, ГРУПА 2

Чешка – Словачка 2:0

Израел – Шкотска 1:0

Табела: Чешка 12 бода,Шкотска 10, Израел 8, Словачка 4

ЛИГА Б, ГРУПА 3

Унгарија – Турција 2:0

Србија – Русија 5:0

Табела:Унгарија 11 бода, Русија 8,Србија 6, Турција 6

ЛИГА Б, ГРУПА 4

Ирска – Бугарија 0:0

Велс – Финска 3:1

Табела: Велс 16 бода, Финска 12, Ирска 3, Бугарија 2

ЛИГА Ц, ГРУПА 3

Грција – Словенија 0:0

Косово – Молдавија 1:0

Табела:Словенија 14 бода, Грција 12, Косово 5, Молдавија 1

 

Watch Attack on Titan Season 3 Episode 8 at website https://gogoanime.be the daily life of the immortal king gogoanime

Watch Kemono Jihen Episode 2 at website https://animeflix.nl dragon ball z animeflix