January 17, 2020 16:33
Спорт

Италија, Естонија и Русија противници на кошаркарите во квалификациите за ЕП 2021

Денеска беа извлечени квалификациските групи за ЕП 2021, а нашата кошаркарска репрезентација се најде во групата „Б”, каде противници ќе и бидат Италија, Естонија и Русија.

Првиот квалификациски прозорец е предвиден да се одигра во февруари 2020 година, вториот во ноември истата година, а последниот прозорец во февруари 2021 година. Осум групи се составени од по четири тимови.

Првите три тима од секоја група, со исклучок на организаторите, ќе се квалификуваат на ЕП 2021. Од групите каде ќе бидат сместени организаторите ќе се пласираат две репрезентации.

Распоред на натпревари:

20/21.02.2020
Северна Македонија – Естонија
23/24.02.2020
Русија – Северна Македонија

26/27.11.2020
Италија – Северна Македонија
29/30.11.2020
Естонија – Северна Македонија

18/19.02.2021
Северна Македонија – Русија
21/22.02.2021
Северна Македонија – Италија.

Нови вести

Ангелов ќе го брани голот на Пролет

Igor

Милвоки триумфираше во дербито со Бостон

Igor

Тренерскиот тандем Чави- Иниеста не звучи лошо, вели Андрес

Igor