October 25, 2021 20:14
Свет

Италија го ослободи Пуџдемон, но мора да остане на Сардинија

Судот на Сардинија го ослободи поранешниот водач на каталонската регионална влада Карлес Пуџдемон, кој беше уапсен вчера, објави италијанската новинска агенција АНСА.

Судијката Плинија Азена посочила дека апсењето на Пуџдемон, по влегувањето во Италија врз основа на европската потерница издадена од Шпанија, е легално. Во одлуката за ослободување, исто така, се наведува дека тој мора да остане на островот додека не се решат правните прашања.

Но, бидејќи државното обвинителство се согласило дека не е неопходно Пуџдемонт да остане во затвор или да му се одреди домашен притвор од безбедносни причини, тој бил ослободен. Неговиот адвокат рече дека Пуџдемон се уште не е пуштен од притвор, но дека се очекува тоа да се случи во текот на денот.

Сега е потребно да се разјасни дали Пуџдемонт ќе биде екстрадиран во Шпанија, и додека не се донесе таа одлука, тој не смее да ја напушти Сардинија. Шпанскиот премиер претходно изјавил дека Пуџдемон мора да излезе пред шпанското судство.

„Пуџдемон мора да ги почитува одлуките на судот, исто како и секој друг граѓанин“, рече премиерот Педро Санчез.

Шпанија го обвинува Пуџдемон, поранешен каталонски лидер, дека се бунтувал против владата, бидејќи во 2017 година помогнал да се организира референдум за независност на покраината, што шпанските судови го прогласија за незаконски. Каталонскиот лидер беше уапсен од италијанската погранична полиција синоќа на аеродромот во градот Алгеро при пристигнувањето во Сардинија.

“Веруваме дека судските власти ќе го ослободат Пуџдемон. Ова е четврти пат ова да се случи”, изјавил неговиот адвокат Гонзало Бојер претходно за радиото Кадена Сер.

Европскиот парламент во март му го укина имунитетот на Пуџдемонт, кој го имал како член на институцијата од 2019 година. Пуџдемон живеел во егзил во Белгија и пристигнал во Алгеро од Брисел за да присуствува на меѓународната изложба Адифолк и да се сретне со водачот на Сардинија.

Референдумот во 2017 година ја донесе во Шпанија најголемата политичка криза во последните децении, по што следеше еднострано прогласување независност на Каталонија во регионалниот парламент во октомври истата година, по што властите во Мадрид воведоа директно владеење со покраината и ги уапсија лидерите на сепаратистите.

Miyanishi Tatsuya Gekijou: Omae Umasou da na Episode 20

AnimeKisa: When Supernatural Battles Became Commonplace anime episode 12 online free at https://animekisa.in animekisatv

Peeping Life: The Perfect Emotion Episode Full

Watch anime online for free at AniWatch anime

Animefreakws tumblr: https://animefreakws.tumblr.com/

Utellstory: https://www.utellstory.com/profile/stories/77224