September 20, 2021 20:48
Свет

Италијанскиот претседател Серџо Матарела денеска го почнува последниот „бел семестар” од мандатот

За италијанскиот претседател, Серџо Матарела, денеска почнува таканаречениот „бел семестар”, односно последните шест месеци од неговиот мандат, потсетува агенцијата Анса.

Во овој нареден период, италијанскиот претседател, кој се избира со мандат од седум години, не може да го распушти парламентот. Можноста за распуштање на парламентот е најмоќното оружје во рацете на претседателот на италијанската Република.

Оваа одредница за „бел семестар” беше вклучена во италијанскиот Устав од страна на конститутивното собрание по Втората светска војна, кога Италијанците ја укинаа монархијата и гласаа за републиката.

Одредбата беше воспоставена по тогашното 20-годишно владеење на фашистите, со цел да се спречи претседателот во заминување, односно оној на кого му истекува мандатот, „во последен момен да го распушти парламентот” и да ги избере оние членови кои би биле повеќе во негова корист за евентуален реизбор.

Медиумите веќе шпекулираат со имињата за нов претседател на Републиката, а, меѓудругото, се споменува и поранешниот премиер Силвио Берлускони, иако тој не може да биде кандидат со оглед на судските постапки. Се споменува и актуелниот премиер Марио Драги, како можен следен претседател, но се уште е во сферата на шпекулации, како и досега, а не се исклучуваат ниту изненадувања во последен момент.

GoGoAnime Watch english anime Online in HD for FREE

Watch anime online for free at AnimeKisa watch anime online

Fight!! (https://animetv.cc/m/Lo8e) Episode Full

Website https://animeheaven.pro: Watch Chrono Crusade animeheaven Episode 24 anime in heaven

Weddingbee: https://www.weddingbee.com/members/animeflixnl/

Free-ebooks: https://www.free-ebooks.net/profile/1310194/kiss-anime