February 17, 2020 16:14
Свет

Италијанскиот Парламент гласа за доверба на новата влада

Италијанскиот премиер Џузепе Конте денеска ќе ги претстави приоритетите на новата влада, по што парламентот ќе гласа за доверба на коалициската влада, составена од Движењето Пет Ѕвезди и Демократската партија.

Тој ќе се обрати пред долниот дом на парламентот во 11 часот, а гласањето доверба на владата се очекува да биде неколку часа по парламентарната расправа, пренесува Хина.

Премиерот потоа ќе се обрати до Сенатот, а горниот дом на италијанскиот парламент потоа ќе гласа за доверба на владата. Се очекува кабинетот на Конте да ја добие довербата во двата дома на парламентот, но, според италијанските медиуми, во Сенатот ќе биде тесна победа.

Локалните медиуми уште посочуваат дека се очекува новата Влада да им нешто подобри односи со Брисел по заминувањето на Матео Салвини од власт, но според анкетата на Ипсос дури 52 отсто од испитаниците имаат негативно мислење за новата владејачка коалиција.