September 20, 2021 22:06
Балкан

Италијанскиот бизнисмен Бечети ќе добие 110 милиони евра отштета од Албанија

Италијанскиот бизнисмен Франческо Бечети се пофали дека го добил спорот со Албанија во Арбитражен суд, нарекувајќи го „победа во политичка војна со албанската влада”, јави дописничката на МИА од Тирана.

-На историска зграда, на еден од главните плоштади во Рим, „Пјаца ди Спања”, се наоѓаат две огромни фотографии на италијанскиот бизнисмен Франческо Бечети. На транспарентот пишува „Се борев против политичкиот прогон на една влада. Победив, сега јас зборувам”, пренесува Ора њуз.

На негов портал тој пишува дека ја добил оваа политичка битка, дека побарал 650 милиони евра отштета во Арбитражниот суд и дека му било дадено право да добие 110 милиони евра, што, пак, е највисока казна во историјата на албанската држава изречена од Арбитражен суд.

Обесштетувањето е поради заплената на телевизијата „Агон канал” во 2015 година, а во образложенето на судот стои дека тоа било „политички мотивирано”.

Според медиумите, отштетата што Албанија треба да му ја плати на италијанскиот бизнисмен е еквивалентна на социјалната помош за три години што им се дава на најранливите категории граѓани или еден процент од БДП на земјата.

Бизнисменот Бечети, албанските власти го товареа дека наводно „испрал” 39 милиони евра во Албанија, за што Обвинителството во јуни 2015 година поднесе обвинение.

Налогот за негово апсење не се реализира бидејќи тој не беше во Албанија. Во меѓувреме, заедно со телевизијата „Агон чанел”, му беа запленети четири други компании во негова или сопственост на неговата мајка. Компаниите во рок од осум години, според Обвинителството, меѓу себе си префрлале милионски суми пари.

Обвинителството тогаш потврди дека истрагата започнала во 2014 година за кривични дела перење пари, затајување данок и фалсификување документи. 

Website https://animebee.to: Watch Made in Abyss Movie 2: Hourou Suru Tasogare (Dub) animebee Episode Full english dubbed anime

Website https://animefreak.ws: Watch Shouji Li de Huanxiong Xiao Zhen animefreak Episode 20 boku no hero academia animefreak

Website https://animedao.nl: Watch Terra Formars: Revenge (Dub) animedao Episode 13 boruto animedao

Website https://animeflv.uk: Watch Abunai Sisters: Koko & Mika (Dub) animeflv Episode 10 english dubbed anime

Atlas dustforce: http://atlas.dustforce.com/user/animefreakws

Piqs: https://piqs.de/user/gogoanimelol/