December 9, 2022 00:43
Скопје

Исчистен споменикот на Гоце Делчев во Градски парк

Од ЈП Комунална хигиена, Скопје информираа дека споменикот на македонскиот народен херој Гоце Делчев во Градскиот парк е исчистен.

Оваа активност следи откако врз споменикот беше извршен вандализам.

Екипите на Комунална хигиена, Скопје, уште вчеравечер, по извршениот вандализам излегоа на терен и истакнаа дека е

Вечерва екипите на Комунална хигиена Скопје на терен во Градскиот парк исчистена бистата на споменикот на македонскиот народен херој Гоце Делчев и околниот простор.

-Апелираме да запре вандализмот и граѓаните со почит да се однесуваат кон спомениците на националните херои – потенцираа од ЈП Комунална хигиена, Скопје.