October 15, 2019 21:08
Магазин

Истражување: Дури и една цигара дневно во бременоста е опасна

Една цигара дневно во бременоста двојно го зголемува ризикот од ненадејна смрт на новороденчето, предупредуваат експертите.

 

Научници анализирале повеќе од 20 милиони породувања, вклучувајќи и 19.000 случаи на ненадејна смрт на бебето и утврдиле дека една цигара дневно во бременоста двојно го зголемува ризикот од ненадејна смрт кај новороденчињата.

„Ако сте пушач, многу е важно да престанете да пушите некое време пред да останете бремена“, вели  институт за истражување во Сиетл.

„Откривме дека кај оние деца чии мајки пушеле три месеци пред бременоста и престанале да пушат во првото тромесечје и понатаму постои зголемен ризик од ненадејна смрт во споредба со деца чии мајки не се пушачи“, објаснува таа.

Ако жените не пушат во бременоста, ризикот за ненадејна смрт кај новороденчињата би се намалил за 22 проценти од случаите.

Според д-р , ниту никотинските фластери не се безбедни за трудниците.

„Никотинот исто така се поврзува со важен дел од развојот на мозочните клетки на новороденчињата. Без разлика на начинот или уредувањето со кој никотинот се внесува во организмот, тој и понатаму е штетен за бебињата“, вели докторот.

Нови вести

Салма Хајек гола им се заблагодари на своите 12 милиони следбеници

Igor

Дрогериите dm ги укинуваат пласичните кеси за една употреба

Igor

Трстена ги додели петте „златни олимписки оскари“

Igor