Хроника

Истрага против дилер на дрога од Велес, побаран притвор

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против еден велешанец за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори од член 215 од Кривичниот законик.

Осомничениот, во дворот од куќата на неговата баба каде тој повремено престојувал, неовластено заради продажба држел 420,6 грама наркотична дрога – марихуана. Дрогата, спакувана во едно најлонско кесе, ја чувал во метално буре во дворот, а полициски службеници од СВР Велес ја пронашле при претрес.

Со оглед на тоа што осомничениот веќе е осудуван за исто кривично дело и дека во текот на истражната постапка треба да се сослушаат сведоци кои се во роднинска врска со него, Основното јавно обвинителство Велес оцени дека е оправдан стравот осомничениот да го повтори кривичното дело и да влијае врз сведоците. Од тие причини јавниот обвинител до судијата на претходна постапка на Основен суд Велес достави предлог за определување мерка притвор против осомничениот.​​

AnimeFreak - Watch Anime Online for Free. Subbed & Dubbed. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

old animefreak Higehiro: After Being Rejected, I Shaved and Took in a High School Runaway

anime freak tv That Time I Got Reincarnated as a Slime

Dragon Ball Z (Dub) Episode 288

Yosuga no Sora: In Solitude Where We are Least Alone Episode 9

Dragon Ball Super (Dub)