June 28, 2022 06:05
Македонија

Истрагата за „МПМ“ е завршена- Срѓан Керим осомничен за три кривични дела

Кривичната истрага којашто со години наназад се водеше за сопствениците на „Медиа Принт Македонија“ е завршена, дознава „ПРАВОСУДСТВО“.

Според порталот, истрагата финиширала некаде кон крајот на минатиот месец, а некогашниот сосопственик и директор на „МПМ“, Срѓан Керим е осомничен за „Злоупотреба на службена положба и овластување“, согласно член 353 од Кривичниот законик, за „Оштетување или повластување на доверители“ од член 257 став 3 од КЗ и за „Намерно предизвикување на стечај“.

Случајот на „МПМ“ беше отворен кратко време по завршувањето на штрајкот на вработените, но предистрагата за криминалите во фирмата започнаа уште на 17. февруари кога и започна штрајкот. Тој ден, во просториите на „Медиа Принт Македонија“ влегоа истражители на тогашното Специјално јавно обвинителство (СЈО) со цел да утврдат како дошло до тоа фирмата да ја финансира изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ со 300.000 евра, а нема пари за да продолжи со работа.

Во меѓувреме, Орце Камчев и Јана Станисављева своите удели во фирмата ќе му ги препуштат на Срѓан Керим, а тој, откако ќе го отвори лажниот стечај ќе предјави побарувања од 4.569.000 денари или околу 75.000 евра.

Осомничениот Срѓан Керим веќе неколку години наназад е жител на Опатија, откако за себе си обезбеди хрватско државјанство.

Поврзани вести

Изгласани законските измени- трговците во туристичките места ќе работат во недела и на празници, а работниците ќе добијат 100% поголема дневница

Igor

Вархеји: Нема веќе пречки за Македонија, Бугарија го прифати решението

Igor

Во последните три дена 180 ковид-позитивни, оздравени 153, починати нема

Valentina

https://tai.go88.is/

sunwin international logistics co. ltd