December 7, 2022 21:25
Магазин

Историски момент за НАСА: Вселенско летало удри во астероид и го смени неговиот правец

НАСА испиша историја! Едноминутниот молк се претвори во еуфорија.

Со аплауз и овации заврши мисијата на НАСА откако целта беше постигната. Леталото на вселенската агенција Дарт успешно удри во астероидот Диморфос кој се движеше со брзина од 14 илјади милји/час на околу 11 милиони километри од Земјата. Вселенското летало Дарт што го лансираше НАСА, по една година директно се судри со астероид, со што успешно заврши мисијата за спасување на Земјата.

„Нашиот прв тест за планетарна одбрана беше успешен и мислам дека можеме сите да аплаудираме на успехот. Ах, да и мислам дека сега Земјаните можат да спијат помирно…. Дефинитивно, јас ќе спијам подобро. Секако и луѓето коишто работат овде, дефинитивно ќе спијат подобро.“- Д-р Елена Адамс, Научник

Ова е прв експеримент од ваков вид на НАСА. Иако ударот на астероидот не беше директно насочен кон Земјата, тестот има за цел да покаже дека во иднина доколку се случи средба со астероид, НАСА ќе може успешно да го одбие. Леталото без екипаж успешно ја заврши зададената задача и удри на 17 километри од центарот на астероидот.