June 16, 2021 12:37
Македонија

Истечени пасоши за дијаспора ќе се вадат само во земјава, амбасадите издаваат патен лист за 30 евра

Сите Македонци кои имаат истечени македонски пасоши и се заглавени во странски земји во кои живеат или работат за да извадат нов пасош мора да се вратат во земјава.

Ваква информација добиле наши иселеници во странство откако 24 Инфо пишуваше за проблемот со кој се соочуваат. Дел од нив кога се јавиле во македонската амбасада или конзулат во државата во која живеат им било речено дека во догледно време нема шанси да добијат пасош и да бидат фотографирани со мобилниот терминал.

–  Пасошот ми истекува за неколку месеци и се јавив во нашата амбасада да договорам термин за нов. Ми рекоа дека нема шанса да се извади во амбасада. Ми понудија патен лист доколку ми е истечен пасошот кој важи само 30 дена и за кој треба да платам 30 евра. Дури и ме предупредија дека прво треба да си обезбедам лет за Македонија, па после да дојдам по патниот лист зошто е со ограничена важност- вели наш сограѓанин од една од европските држави. Според него нелогично е да се плати таа сума бидејќи е скоро колку цената на пасошот овде во редовна постапка.

24 инфо веќе пишуваше за проблемот на илјада македонски граѓани кои се заглавени во дијаспората поради истечени пасоши и немаат можност да извадат нови. Проблемот е најголем во Австралија и Кина, но има наши граѓани со истечени пасоши и низ цела Европска унија. Иселениците на социјалните мрежи веќе имаат и група „Нова процедура за пасош“ во чиј состав се потпишува петиција за решавање на проблемот во најкус можен рок. Петицијата е потпишана од 3.000 луѓе.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи вчера за 24 Инфо изјави дека во собранието на Република северна Македонија ќе се иницираат законските измени за решавање на проблемот.

-Запознати сме со проблемот. Денеска во Собранието ќе се иницираат законските измени со дел рокот на пасошите да се продолжи до 31. декември 2021- изјави Османи.

За голем дел од Македонците продолжувањето на рокот на важност не значи ништо зошто голем дел од нив немаат слободни страници во пасошот каде треба да се стави печат. Не е решение ниту патниот лист посебно за азиските држави бидејќи велат дека ако излезат од државата нема да можат да се вратат бидејќи контролите и огранишувањата поради ковид 19 се многу ригорозни.

Во некои држави пак амбасадите се недостапни за нашите граѓани.

-Повеќе од еден месец се обидуваме да воспоставиме контакт со македонската амбасада во Берлин. Ниту одговараат на повик, ниту враќаат на емаил, па сакаме да одиме директно во амбасадата. Дали некој е запознаен дали треба дополнителни документи да се однесат и сл. Ни треба само закажување на термин за издавање на нов пасош- вели една Македонка од Германија.

Валентина Ангеловска

Поврзани вести

Полицискиот час се укинува вечерва на полноќ

admin

Нема починати, 29 новозаразени од коронавирус

Igor

Јовановски анализира за „24инфо“: Со Елмас и Трајковски во шпицот ќе бевме многу поопаси

Dragan Nikolovski

AnimeTV hunter x hunter anime tv: Watch Dr. Stone: Stone Wars Episode 5 (https://animetv.cc/m/NLqo/ep-5)

AnimeFreak old animefreak: SK8 the Infinity Episode 12