April 8, 2020 13:06
Македонија

Истечените лични документи ќе важат до завршување на вонредната состојба

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, соопшти дека се овозможува продолжено важење на истечените лични документи до завршување на вонредната состојба на државата и тоа: лични карти, возачки дозволи и патни исправи за македонските граѓани и дозволата за престој за странските државјани.

„Свесен сум дека живееме во услови кога движењето е сведено на минимум, но со оваа одлука ги заштитуваме граѓаните, но и вработените во Управните служби на Министерството за внатрешни работи. Апелирам до граѓаните и понатаму да ги почитуваат препораките и одуките на владата“, објави Чулев.