November 12, 2019 09:45
Економија

Исплатени близу 17,4 милиони денари за субвенци за откупена пченица од домашно производство

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска на сметките на откупувачите на пченица од домашно производство, исплати близу близу 17,4 милиони денари.

Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, преку соопштение, појасни дека станува збор за исплата на субвенциите од дополнителната мерка за директните плаќања за откупена пченица од од домашно производство. Средствата за субвенции за откупувачите на домашното произведено лебно зрно, за сите кои исполнуваат услови за добивање на оваа финансиска поддршка се исплаќаат без селекција и во еден ден.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, пред неколку дена исплати и 333 милиони денари за предадено млеко, за оризова арпа како и за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети. Бабовски, посочува дека од стапување на функцијата директор на АФПЗРР, до денеска, исплатени се вкупно 319,3 милиони евра. Дел од средствата кои се исплатени се и за стари наследени долгови за неисплатени субвенции од 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016- та година.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, и во наредниот период продолжува со неселективната исплата на средствата за субвенции. Во еден ден, за сите кои исполнуваат услови за добивање на финансиска поддршка се исплаќаат средствата за субвенции.

Нови вести

Ангеловска го претстави предлог-буџетот пред невладината, бизнис, и експертска јавност и синдикатите: инвестициите во човечки капитал во фокусот во 2020

Igor

Бектеши: Инвестиции со Планот за економски раст се причина младите да инвестираат во нови бизнис идеи

Igor

Република Српска забрани увоз на над еден тон месо, меѓу кое и пратка од Скопје

Igor