Спорт

Исланд ја елиминира Унгарија од ЕП

Германската ракометна репрезентација славеше со убедливи 30-23 во мечот против Полска, па така со три победи ја заврши групата Д на првото место, додека Исланд во драматичен натпревар ја совлада Унгарија со 31-30 и така го елиминираше кодомаќинот од Европското првенство (ЕП).

Полјаците имаа водство само на стартот на натпреварот (2-1), по што Германија ја презема контролата и со мини-серија од 3-0 стигна до 8-5, по што ја задржа предноста на полувреме (15-12).

Полска на почетокот на вториот дел намали на еден гол (14-15), меѓутоа Германија повторно со неколку серии избега на шест гола разлика (21-15), а потоа без мака запиша триумф од 30-23.

На натпреварот меѓу Исланд и Унгарија имаше возбудувања во текот на цело прво полувреме, каде што во најголем дел предноста ја имаа Исланѓаните со два гола (12-10), но го прокоцкаа водството пред паузата (17-17).

Унгарија го врати водството во вторите 30 минути и се надеваше дека може да слави во мечот кој треба да им обезбеди пласман во втората фаза, меѓутоа Исланд со подобра завршница стигна до 31-30 и така го расплака домаќинот.

Елисон и Магнусон беа најдобри во победничкиот тим со по девет погодоци, додека на спротивната страна за Унгарија најефикасен беше Банхиди со шест гола.

https://animeheaven1.com/. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

Suppose a Kid from the Last Dungeon Boonies moved to a starter town? Episode 11

AnimeHeaven Tokyo Revengers (Dub)

Higehiro: After Being Rejected, I Shaved and Took in a High School Runaway

watch anime online AnimeHeaven Attack on Titan Season 2

That Time I Got Reincarnated as a Slime