April 6, 2020 23:33
Македонија

Искршена таблата на објектот на Подрачното оддление на Државниот архив во Струмица

Синоќа е е искршена таблата на Подрачното одделение на Државниот архив во Струмица, која е неодамна поставена и е испишана на македонски, албански и англиски јазик.

На местото на настанот увид врши полицијата, а до парчињата од таблата може да се забележи камен, со кој најверојатно е искршена.

Според директорот на Завод Музеј-Струмица, Ацо Манински, таблата во саботата вечерта била испрскана со спреј, а кршењето е извршено синоќа.

Информира дека во непосредна близина на таблата постои заедничка чуварска служба, која вчера пријавила дека таблата е испрскана со спреј, но не е забележано кршењето на плочата.

Вчера во Струмица се случи уште еден вандалски чин, кога на плоштадот „Гоце Делчев”, засега непознат сторител искршил клупа за седење и дрвце.