October 27, 2020 15:54
Магазин

Искоренета детска парализа, трка за вакцина za Ковид19 и одлука дека цигарите имаат помалку штетна алтернатива  

Во време кога светот минува низ најголемата здравствена криза во последните 100 години, името на една институција особено го привлече вниманието на светската јавност. Американскиот претседател Доналд Трамп, на еден од најоптимистичките брифинзи од почетокот на пандемијата, соопшти дека вакцината на фармацевтската компанија Модерна во рекордно време влегува во третата клиничка фаза на тестирање, и сето тоа „со придржување до златниот стандард за безбедност на ФДА“, а на едно од следните обраќања на јавноста, одлуката на истата агенција за одобрување на третманот со лечење со крвна плазма ја нарече „историска во борбата против вирусот“. Тогаш многумина се запрашаа што вусшност е ФДА?

Иако Американците многу добро знаат што е ФДА, годинава целиот свет внимателно ги следи одлуките на оваа институција. Администрацијата за храна и лекови на САД или скратено ФДА е бескомпромисен орган во областа на заштита и промоција на јавното здравје на најголемата светска сила. Но, и добар дел од светот. Кредибилитетот на одлуките на оваа агенција можеби е најдобро потврден со фактот дека дури и Доналд Трамп, кој традиционално е скептичен и знае да дава невообичаени, дури и алтернативни предлози и решенија, нема ниту најмал сомнеж во нејзините одлуки.

Зошто се слушаат одлуките на ФДА?

Историјата на оваа агенција датира од крајот на 19ти век, а Агенцијата каква што ја знаеме денес е создадена во 1906 година кога во САД беше усвоен Федералниот Закон за храна и лекови, со што започнува модерната ера во начинот на кој Американците гледаат на проблемите на јавното здравје. Оттогаш ФДА се менуваше следејќи ги социјалните, економските, политичките и општествените околности во САД, а нејзината еволутивна улога во промоцијата на јавното здравје и темелноста, служи како пример за регулаторите во областа на здравството ширум светот.

Денес, агенцијата има над 10 лаборатории, а одржува исклучителна соработка со реномирани научни институти од други земји како Кина, Индија, Костарика, Чиле, Белгија и Велика Британија. Во време кога почнува примената на револуционерниот третман со крвна плазма и со нетрпение се очекува споменатата вакцина од страна на „Модерна“, но и уште четири други надежни кандидати за кои се верува дека за брзо време ќе влезат на последните фази на тестирања, самиот Трамп со посебно внимание истакнува дека и покрај брзањето, во ниту еден момент немало компромитација на безбедноста и научниот интегритет на оваа институција. Иако вакво нешто досега не е видено, итноста на проблемот и неподеленото внимание на огромните научни тимови ширум светот, доведоа до скратување на години и години, кои честопати се потребни за да може институцијата каква што е ФДА да донесе и да застане зад некоја своја одлуки.

На некои „вируси“ можеби им се гледа крајот?

Токму оваа агенција, чиј „златен стандард“ мораше да се почитува и при работата на можеби најважната вакцина во модерната историја на човештвото, годинава донесе друга одлука со која ќе се промени иднината на јавното здравје. „Целосен премин од класичните цигари на IQOS ја намалува изложеноста на организмот на штетни и потенцијално штетни материи“, кажа ФДА на 7ми јули оваа година, во својата одлука да го стави IQOS, системот за загревање на тутунот, во категоријата на производи со модифициран ризик. За разлика од претходната одлука и битката со времето, оваа одлука беше донесена по повеќе од 3 години проучување на милиони страници научна документација која компанијата Филип Морис, производителот на овој уред, ја достави до ФДА во 2016 година.

Во стогодишната историја на оваа институција, IQOS е вториот производ што ФДА го класифицира во категоријата производи со модифициран ризик. Пред IQOS, ова му успеа само за шведскиот СНУС. Иако на прв поглед се чини дека оваа одлука на ФДА помина доста незабележано, особено во САД каде што е донесена, локалните експерти не мислат така. Тие веруваат дека таа може да биде значаен чекор напред за сите возрасни пушачи кои не сакаат да се откажат од цигарите. „Производот (н.з IQOS) може да го намали ризикот за индивидуалните пушачи ако им помогне да престанат со употреба со класичните цигари и потоа целосно да се откажат од пушење“, изјави неодамна Д-р Кенет Ворнер, професор емеритус по јавно здравје на Школото за јавно здравје при Универзитетот во Мичиген.

Примерот на Шведска, односно на СНУС, можеби најдобро може да го потврди тоа, бидејќи оваа скандинавска земја денес е земја со најмал број заболени од рак на белите дробови и со најмал процент на пушачи во Европа, и во неа бројот на традиционални корисници на цигари е намален на само 5%. Од друга страна, токму споменатата федерална држава Мичиген е една од земјите во САД со најголем број пушачи, каде пушат 18,9% или речиси секој петти возрасен жител на оваа држава. Минатата година токму оваа земја беше меѓу првите што ја забрани употребата на сите ароматизирани уреди со испарување, поради појавата на мистериозна болест Евали, која беше предизвикана од употреба на импровизирани, нелегални и непроверени електронски цигари. Токму затоа ФДА е особено претпазлива во регулирањето на тутунските уреди и алтернативите, па затоа во февруари годинава најпрво ги забрани ароматичните вкусови на електронските цигари, а потоа побара од сите производители на т.н. вејпинг уреди до 9ти септември да поднесат барање за добивање на дозвола за комерцијализација на нивните производи, заедно со спецификација, но и научни докази дека истите се помалку штетни од класичните цигари. Иако, сам по себе не спаѓа во категоријата на уреди за испарување, туку во производи кои го загреваат а не горат тутунот, заедно со СНУС, IQOS е единствениот уред во САД што ја има оваа дозвола.

И додека корона вирусот не пристигнал само во 10 земји во светот – Палау, Микронезија, Маршалски острови, Науру, Кирибати, Соломонски острови, Тувалу, Самоа, Вануату и Тонго, зависноста од пушење како вирус со години е присутен и во најоддалечените делови на светот. За над милијарда пушачи можноста за вакцина не постои, така што важноста на информирањето за постоењето на подобра алтернатива наспроти континуираното пушење е секако одлука од неизмерна важност за јавното здравје, не само за САД, туку и за целиот свет.

Победа за Африка: во 2020 година еден опасен вирус сепак е искоренет

Сепак, не се случува сè во Америка и богатиот дел од светот, на што најдобро потсети корона вирусот што започна од кинескиот мегалополис Вухан. Дека значителен напредок во медицината се случува на другите континенти, неодамна потврди Африка. Најсиромашниот континент на земјината топка победи во една голема здравствена битка. Вирусот кој предизвикува детска парализа, полио, од ова лето официјално е искоренет во Африка, соопшти Африканската регионална комисија.

Полио вообичаено ги напаѓа децата на возраст под пет години, што понекогаш доведува до неповратна парализа. Пред 25 години, илјадници деца во Африка беа заразени со вирусот на детска парализа, што ја предизвикува оваа заразна болест. Нигерија е последната африканска земја која ја искорени болеста, а која, пред само нешто помалку од една деценија, имаше изброено повеќе од половина од сите глобални случаи. Овој опасен вирус во моментов е присутен само во Авганистан и Пакистан, и иако нема лек за него, вакцината што е развиена штити во текот на целиот живот.

Годината 2020 секако влегува во аналите на медицината и за прв пат јавното здравје не е само во фокусот на светските сили, туку и на обичните индивидуи. Затоа, одлуките кои ги носат официјалните институции, сега се повеќе од кога било, на историски тест и под лупа на јавноста.