June 18, 2019 20:33
Хроника

Исклучени од сообраќај 27 возачи за едно деноноќие

Во текот на изминатиот ден (11.06.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 28 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 27 возачи од кои: 24 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и тројца возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и 17 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се девет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престројување, шест возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, шест возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и осум возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се двајца пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 85 мандатни платни налози и 50 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

 

Нови вести

Teтовка удомила сиромашна малолетничка па ја продавала за секс

Filip

Турчин се заканувал на сопругата-гостиварка и објавил компромитирачка фотогафија на нејзиниот ФБ профил

Igor

Откриени 72 мигранти вчера на две локации, криумчарите во бегство

Igor