December 14, 2019 13:36
Скопје

Исечените јапонски цреши на Максим Горки биле стари, на нивно место ќе бидат засадени нови

Исечените 13 јапонски цреши на улицата Максим Горки се стари и болни и на нивно место в понеделник ќе бидат засадени нови, соопшти Општина Центар.

„ЈП ‘Паркови и Зеленило’, на барање на Општина Центар, вчера и денес изврши интервенција на дрворедот на улицата Максим Горки. Општина Центар ја известува јавноста дека на местото на отстранетите стари и болни дрва уште во понеделник ќе засади нови 18 висококвалитетни дрва од истиот вид, јапонски цреши, кои се примени како донација од вработените во претставништвото на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Скопје“, велат од Општината.

Од таму истакнуваат дека исечените дрвја биле целосно исушени и имале нарушен коренски систем.

Нови вести

Заев: Со реконструкција на Пластичарската улица граѓаните ќе добијат модерно сообраќајно решение и поголема ефикасност на градскиот сообраќај

zane

Од денеска се проширува и реконструира Пластичарска

Igor

Цементарница УСЈЕ не загадува и работи согласно најсовремените стандарди за заштита на животната средина

Igor