August 17, 2022 15:05
Свет

Ирска ќе вложи милијарди евра во обнова на куќи изградени од неквалитетен материјал

Ирска ќе обезбеди 2,2 милијарди евра за поправка и реновирање на куќите што се изградени од неквалитетни градежни материјали поради благите регулативи, објави владата.

Парите ќе покријат реновирање на 7.500 домови, првенствено во северозападната област Донегал, каде што семејствата со години водеа кампањи за да добијат помош, тврдејќи дека нивните ѕидови „се уриваат како бисквит со житарки“ поради слабиот квалитет на материјалот.

Владината програма за помош ќе биде распоредена на неколку години и ќе вклучува давачка за градежниот сектор, што треба да и обезбеди на државата поврат од 80 милиони евра годишно.

На сопствениците на куќи и станови изградени со неквалитетен материјал државата ќе им плаќа најмногу 420 илјади евра по станбена единица, што според министерот треба да ги покрие горе-долу сите трошоци.

Сопствениците организираа серија протести пред парламентот во Даблин, барајќи од државата да ги покрие сите трошоци.

tải sunwin apk sunwin game bài sunwin

tải sunwin apk sunwin sunwin club

tải sunwin apk tải sunwin game sunwin

sunwin tài xỉu sunwin tài xỉu sunwin apk

sun win