January 22, 2020 19:22
Магазин

„Ирецот” е најдобар филм, „Медена Земја” најдобар документарец

„Ирецот” (The Irishman) на режисерот Мартин Скорсезе е прогласен за најдобар филм за 2019 година од страна на Организацијата на њујоршките филмски критичари. Џо Пеши е најдобар спореден глумец за истиот филм.
Македонскиот документарен филм „Медена Земја” ја доби наградата за најдобар документарец.
Други поважни награди:
Најдобра главна машка улога: Антонио Бандерас за улогата во „Болка и слава” (Pain And Glory).
Најдобра глумица: Лупита Њонго за „Ние” (Us).
Најдобар режисер: Џош и Бени Сафди за филмот „Небрусени камења” (Uncut Gems).
Најдобра споредна женска улога: Лора Дерн, за два филма: „Приказна за бракот”  и „Мали жени” („Marriage Story” и „Little women”).
Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје: „Паразит”.
Најдобар прв филм: „Атлантик” (Atlantique).

Нови вести

Почина Тери Џоунс, ѕвездата на „Монти Пајтон”

Valentina

Поевтин нов Ајфон в март

Valentina

(Видео) Тригодишно момче со натпросечна интелигенција e најмладиот член на „Мeнса“

Valentina