December 1, 2021 14:01
Спорт

Ирвинг со 43 поени во победата на „Бостон“ над „Торонто“

„Бостон“ го победи „Торонто“ со 123:116 и му го нанесе четвртиот пораз на најуспешниот тим сезонава во НБА лигата, па сега „Репторси“ и „Голден Стејт Вориорс“ имаат идентичен скор од 12:4.

Домаќините до триумфот дојдоа благодарение на Кајри Ирвинг кој постигна 43 поени, негов личен рекорд сезонава, од кои 17 во последните осум минути  и го доведе натпреварот до продолжение. Во дополнителните пет минути „Селтикс“ постигнаа 16 коша, од кои или беа асистенција или поен на Ирвинг. Тој го заврши натпреварот со 11 асистенции, а Џејсон Тејтум забележа 21 поени и седум скока. Кај гостите најдобар беше Каваи Ленард со 31 кош, 15 скока и четири асистенции.

Извонредна партија пружи и центарот на „Њу Орлеанс“, Ентони Дејвид во побдата над „Њујорк“ со129:124. Тој го заврши мечот со 43 поени и 17 скока, а Џру Холидеј додаде 24 коша, десет асистенции и четири скока. На спротивната стран Тим Хардавеј Џуниор одигра уште една блескава партија со 30 поени, осум скока и две асистенции.
Новиот кошаркар на „Филаделфија“, Џими Батлер беше најефикасен во победата на неговиот тим против „Јута“ 113:107. Ова беше втор настап на Батлер за „Сиксерси“ и прва победа на тимот со него. Тој постигна 28 поени, седум асистнции и три скока, а кај „Џезерите“ најдобар беше Донован Митчел со 31 поен и два скока.
Резултати од останатите натпревари:
„Индијана“- „Мајами“ 99:91
„Вашингтон„- „Бруклин“ 104:115
„Мемфис„- „Сакраменто“112:104
„Минесота“-„Портланд“ 112:96
„Милвоки“- „Чикаго“ 123:104.