January 22, 2022 14:15
Свет

Иран: Членовите на екипажот од британскиот танкер се на безбедно и со добро здравје

Иранските власти денеска соопштија дека сите 23 членови на екипажот на запленетиот британски танкер со нафта „Стена Имперо” се на безбедно и со добро здравје.

Тоа за државната иранска телевизија го изјавил шефот на Пристаништната и поморска организација на Иран за покраината Хормозган, Алахморад Афифипур.

– Сите 23 членови на екипажот кои се наоѓаат на бродот се наоѓаат на безбедно и се со добро здравје во пристаништето Бандар Абас, истакна Афифипур.

Членовите на екипажот се државјани на Индија, Летонија, Филипини и Русија.

Велика Британија заплената на танкерот од страна на Иран во Персискиот Залив ја нарече „непријателски акт”, отфрлајќи го објаснувањето на Техеран дека бродот бил запленет бидејќи учествувал во несреќа со ирански рибарски чамец.

Лондон испрати писмо до Советот за безбедност на ОН, како и до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, нагласувајќи дека иранските сили пристапиле и го заплениле британскиот танкер додека бил во територијалните води на Оман, оценувајќи дека акцијата на Техеран „претставува илегално мешање”.

https://animedao1.com/. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

AnimeDao Attack on Titan Final Season

watch subbed anime Tokyo Ghoul

AnimeDao Hunter x Hunter (2011) Episode 144

Fairy Tail (Dub) Episode 166

watch anime online My Hero Academia