December 7, 2022 21:29
Свет

Иран: Уапсени деветмина странци во врска со протестите против носењето хиџаб

Девет странци се уапсени во Иран во врска со голем ите демонстрации против носењето хиџаб во таа земја, соопшти денеска Министерството за разузнавање.

Во соопштението пренесено од државната новинска агенција Ирна, Министерството тврди дека меѓу уапсените има државјани на Германија, Полска, Италија, Франција, Холандија и Шведска.

Властите на Иран сметаат дека странците ги поттикнале протестите, што не престануваат веќе две недели. Протестите беа предизвикани од смртта на 22-годишната девојка по име Махсе Армини, која почина во притвор откако беше приведена поради наводно несоодветно носење хиџаб.