October 18, 2021 13:33
Свет

Иран нема да дозволи присуство на ИД на границата со Авганистан

Иран нема да дозволи џихадистичката група Исламска држава да воспостави присуство на неговата граница со Авганистан, предупреди денеска иранскиот претседател Ебрахим Раиси.

– Нема да дозволиме терористички организации и ИД да се приближат до нашата граница и да нападнат други земји и регионот. Присуството на ИД во Авганистан е опасно не само за Авганистан, туку и за целиот регион, истакна Раиси по завршувањето на посетата на Таџикистан.

Талибанците ја презедоа контролата на авганистанскиот главен град Кабул на 15 август, користејќи вакуум предизвикан од повлекувањето на американските војници од земјата и колапсот на авганистанската армија.

Иран, кој има 900-километарска граница со Авганистан, не ги призна талибанците од периодот на нивното владеење од 1996 до 2001 година. Но, се чини дека Техеран неодамна го ублажи својот цврст став кон сунитските милиции во име на прагматизам. Исламската република нагласи дека талибанците треба да бидат „дел од идното решение” во Авганистан.

Dirty Pair: Project Eden (Dub) Episode Full

KissAnime: Doraemon Movie 31: Shin Nobita to Tetsujin Heidan - Habatake Tenshi-tachi anime episode Full online free at https://kissanime.mx kissanime boku no hero

Website https://animeflix.nl: Watch Fate/Kaleid Liner Prisma Illya 2Wei! (Dub) animeflix Episode 10 banana fish animeflix

Website https://animeflv.uk: Watch Toji no Miko Recap (Dub) animeflv Episode Full english anime

Yemle: https://yemle.com/profile/kissanimemx

V: https://v.gd/KWtzQ9