Свет

Иран го одбележа Денот на Армијата прикажувајќи го најновото оружје

Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска изјави дека иранските вооружени сили не претставуваат закана за своите соседи и регионот.

Илјадници војници и офицери маршираа денес пред Рохан за време на парадата што се одржа во Техеран по повод Денот на Армијата, додека новите ирански борбени авиони летаа над нив, објави „Ројтерс“.

На парадата е претставена најновата воена опрема на иранската армија, вклучително и ловци од домашно производство и одбранбени системи од руско производство.

Иран, исто така, покажа ракети, подморници, оклопни возила, радари и рускиот систем за одбрана С-300.

“Сакам да им кажам на земјите во регионот дека вооружените сили на Исламската Република Иран не се против вас и вашите национални интереси. Тие се против освојувачите … Корени на нашите проблеми се ционистичкиот режим (во Израел) и американскиот империјализам “, рече Рохани.

Нови вести

Остри критики за новиот Брегзит план на Тереза Меј

Igor

Лидери на ЕУ бараат од Меркел да се кандидира за претседател на Европскиот совет

Daniela

Автобус со руски туристи се преврти во Италија, загина едно лице

Igor