September 22, 2019 10:25
Свет

Иран ги предупреди САД да не се обидуваат повторно да го запленат танкерот

Иран ги предупреди САД да не се обидуваат повторно да го запленат иранскиот танкер со нафта на отворено море, откако тој го напушти Гибралтар, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Абас Мусави.

Според податоците за следење на поморскиот сообраќај, иранскиот танкер испловил од Гибралтар и се движи кон Грција.

Властите на Гибралтар претходно го отфрлија барањето на САД за неослободување на бродот кој е запленет пред повеќе од еден месец поради наводно кршење на санкциите на ЕУ против Сирија.

На прашањето дали САД би можеле повторно да побараат запленување на танкерот откако испловил од Гибралтар, Мусави одговори дека таква евентуална акција „ќе ја загрози безбедноста на пловењето на отворено море”.

– Издадовме предупредување преку официјални канали, посебно до швајцарската амбасада, истакна Масави.

Швајцарија ги застапува интересите на САД во Иран, кој нема дипломатски односи со Вашингтон.

Нови вести

Претседателот на Колумбија го спореди Мадуро со Милошевиќ

Igor

Поради бомба тешка 5,5 тони Полска мора да евакуира 42.000 граѓани

Igor

Најмалку 22 жртви во автобуска несреќа во Пакистан

Igor