Свет

Иран во карантин, забранети се и собири за време на рамазанските пости

Иран вoведе 10-дневен карантин во поголем дел од земјата за да го спречи ширењето на четвртиот бран на пандемијата на коронавирус, објавија државните медиуми. Од 31 провинција, 23 ќе бидат заклучени, изјави портпаролот на Министерството за здравство, Алиреза Раиси.

Сите продавници, училишта, театри и спортски објекти ќе бидат затворени, а забранети се и собири за време на рамазанскиот пост, кој започнува во среда.

Бројот на случаи со заразени во Иран надмина два милиони, со нов дневен просек од 20.000 заразени една недела.

Досега, 64.000 луѓе починаа од Ковид-19 во Иран.

„За жал, од денес го имаме четвртиот бран на пандемијата“, рече претседателот Хасан Рохани.

Зголемувањето на бројот на новозаразени тој го припишува на британска варијанта на вирусот што се шири низ Иран од соседен Ирак. Но, како што вели, не помогнале ниту масовните патувања, свадби и прослави.

Британската варијанта на коронавирус сега е доминантна во земјата, а 257 градови се означени како црвени зони.

Иран стана епицентар на пандемијата на Блискиот исток. Вакцинацијата оди многу бавно, а досега од Русија пристигна нарачка со околу два милиони дози вакцина Спутник V. Повеќе од 400.000 дози пристигнаа во Техеран.

Пристигнаа и 250.000 дози кинеска вакцина Синофарм и дел од нарачката од 500.000 дози индиски COVAXIN.

Иран сега чека испорака на 4,2 милиони дози од вакцината Астра Зенека.

Иран има 83 милиони жители.

KissAnime kissanime boruto: Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba (Dub) Episode 26

4Anime 4anime in english: Watch JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable Episode 26 (https://4anime.biz/m/kx5/ep-26)