August 24, 2019 20:18
Свет

Иран: Британското пиратство нема да остане без одговор од Техеран

Иранскиот врховен верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека Иран ќе одговори на британско „пиратство“, односно на запленувањето на иранскиот нафтент танкер во Гибралтар, пренесува „Спутник“.

Иран ја повика Британија веднаш да го ослободи танкерот, што го запленија британските кралски маринци поради сомневање дека ги прекршил европските санкции зашто превезувал нафта во Сирија, информираше Ројтерс.

„Злата Британија изврши пиратство и ни го украде бродот“, рече Хамнеи, истакнувајќи дека Иран и оние што веруваат во неговиот систем нема да ги остават таквите зли дела без одговор.

Коментарот на Хамнеи следи по изјавата на иранскиот свештеник Казем Седиги, кој рече дека Британија наскоро ќе добие „удар в лице” поради заплената на иранскиот танкер.

Портпаролот на иранското МНР, Абас Мусави, претходно изјави дека Техеран ја повикува Британија веднаш да го ослободи иранскиот танкер.

„Ова е опасна игра и ќе има последици … правните изговори за заплената не се валидни … ослободувањето на танкерот е во интерес на сите земји … Странските сили треба да го напуштат регионот бидејќи Иран и другите земји од регионот се способни да обезбедат регионална безбедност “, нагласи Мусави.

Нови вести

НАСА истражува први обвинувања за криминал во вселената

Igor

Штрајк во „Бритиш ервејз” ќе предизвика пет денови откажување на летови

Igor

Бразил ангажира 44.000 војници поради пожарите во Амазон

Igor