November 30, 2021 10:17
Свет

Иран: Бензинските пумпи не работат поради „хакерски напад”

Бензинските пумпи во Иран не работат поради „хакерски напад”, соопшти денеска највисокото безбедносно тело во земјата, јави ДПА.

„Врховниот совет за национална безбедност потврди дека станува збор за хакерски напад врз информативниот систем за дистрибуција на гориво”, соопшти државната телевизија, претходно известувајќи за дефектот низ целата земја „поради прекини во информатичкиот систем”. „Деталите за нападот и сторителите се под истрага”, додаде истиот извор, не наведувајќи други детали.

Телевизиските мрежи денеска објавија снимки од затворени бензински пумпи со долги редици пред нив.

Непосредно пред објавувањето на информацијата на Врховниот совет за национална безбедност, „надлежните челници” изјавија дека не ја исклучуваат можноста од информатички напад, како што пишуваше на иранските социјални мрежи, пренесува државната телевизија.

„Се одржува состанок во иранската државна компанија за дистрибуција на нафта за да се реши проблемот”, рече портпаролката на државата Фатемех Кахи.

Во Техеран, техничарите од Министерството за нафта го исклучија информатичкиот систем на некои бензински пумпи за да може рачно да се наполни горивото, објави телевизијата подоцна во текот на денот.

GoGoAnime Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

https://twistmoe.net gogoanime

Website https://animekisa.in: Watch Please☆Twins! (Dub) animekisa Episode 12 dubbed anime

Pokémon (https://animeflix.nl/m/m2wP) Episode 169

Watch anime online for free at AnimeFLV online anime