February 20, 2020 21:02
Свет

Иранскиот танкер „Грејс 1″ ноќеска исплови од Гибралтар

Иранскиот танкер, што превезува лесна сурова нафта  во вредност од 130 милиони долари, ноќеска го крена сидрото и почна да се оддалечува од Гибралтар, покажуваат податоците за следење на морскиот сообраќа

Врз основа на ГПС податоците на Marinetraffic.com, службата за следење на пловила, се гледа дека танкерот „Едријен Дарја 1″, што некогаш го носеше називот „Грејс 1″, почна да се придвижува непосредно пред полноќ.

На иранскиот танкер му беше дозволено да исплови од Гибралтар откако британските власти на оваа територија на 18 август го одбија барањето на САД за неослободување на танкерот што беше запленет пред повеќе од еден месец, заради, наводно, кршење на санцкиите на ЕУ против Сирија.

Владата на Гибралтар во соопштение образложи дека на танкерот „Грејс 1″ ќе му биде дозволено испловување бидејќи американските санкции против Иран не важат за Обединетото Кралство и остатокот од Европската унија.