November 30, 2020 06:39
Балкан

Инцидент на косовската граница: Пукано во патрола на српската полиција

На патрола на српската полиција било пукано од територијата на Косово и Метохија, денеска во близина на административната граница, јавуваат српските медиуми.

Инцидентот се случил денеска околу 17 часот, а полицајците биле нападнати кога интервенирале по  пријава на кражба на дрва во шума во околината на Куршумлија.

При тоа од огнено оружје биле истрелани неколку истрели, но за среќа никој не бил повреден.